Loading Video...
Фудбал
12. August 2022 - 10:33

ФИФА реши – Мундијалот во Катар стартува ден порано

Неполни 100 дена до стартот на Светското фудбалско првенство  во Катар, промена во календарот
 
По барањето кое до ФИФА го упати домаќинот на Светското првенство Катар, Мундијалот ќе започне ден порано од предвиденото. 
 
Светската фудбалска федерација, го прифати предлог, домаќинот на шампионатот да го игра првиот натпревар од турнирот.
 
Иако првично беше предвидено првенството да започне на 21 ноември со дуелот меѓу Сенегал и Холандија, сега тоа ќе започне на 20 ноември со средбата меѓу домаќинот Катар и селекцијата на Еквадор.
 
Со тоа на некој начин е задржана и традицијата Мундијалот да го отвори домаќинот или светскиот шампион
 
Потсетување дека титулата ќе ја брани репрезентацијата на Франција.