Фудбал
24. November 2016 - 12:23

ФИФА: Нов пад на „рисовите“

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата,. 

По поразот од Шпанија од 4-0 , „рисовите“ паднаа 7 места и сега се 162-ри во светот. 

Во согласност со најновото рангирање, Македонија од денеска е на 162. место со 138 бода, минус за седум позиции во однос на октомврискиот ранкинг. Македонија на најновата листа дојде и една позиција зад Белизе која е на 161. место, или Танзанија, на пример, која е на 160. место на листата на ФИФА.

Од селекциите кои се во нашата квалификациска група за пласман на СП, единствено послаборангиран од нас е Лихтештајн, кој е на 189. место. Шпанија е на 10. место, Италија назадуваше за три позиции, па сега е на 16. место, Албанија е на 49. место, а Израел е на 54-та позиција.

На врвот на листата е Аргентина пред Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија и Уругвај.