-->
-->
ФИФА: Македонија 141-ва во светот
-->

Пад од три места бележи македонската фудбалска репрезентација на најновата ранг листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која е објавена во четвртокот.
Назадувањето на националниот тим се должи на двата пораза, од Словенија и од Бугарија, во контролните натпревари. Пред Македонија, од 130-то до 140-то место се наоѓаат Танзанија, Палестина, Бахреин, Гвајана, Азербејџан, Свазиленд, Намибија, Аруба, Мадагаскар, Литванија и Сен Лука.
На ФИФА ранг листата има 204 репрезентации, а Македонија има подобар рејтинг од само шест европски селекции: Луксембург (145), Молдавија (156), Малта (164), Лихтенштајн (173), Сан Марино (200) и Андора (202).
Од противниците со кои Македонија ќе игра во квалфикациите за пласман на СП во Русија, полош рејтинг има само Лихтенштајн (173), а пред „црвено жолтите“ се Шпанија (6), Италија (15), Албанија (45) и Израел (76).
На листата на ФИФА, сега прва е Аргентина која на врвот ја смени Белгија, Чиле се искачи на третата, а Колумбија на четвртата позиција, додека на петтото место е актуелниот светски првак Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
