-->
-->
ФИФА ќе ја одложи одлуката за избор на градови домаќини на СП 2026
-->
Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе ја одложи одлуката за избор на градови во кои ќе се играат натпреварите од Светското првенство во 2026 година, поради пандемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Мундијалот во 2026 година ќе се одржи во три земји – САД, Канада и Мексико. Соединетите држави ќе претстават 17 градови-кандидати за домаќини, Канада и Мексико – по три. Одлуката требаше да биде донесена во март, но поради пандемијата, состанокот на ФИФА беше презакажан за 7 јули.
Сега одлуката повторно ќе биде одложена за неколку недели.
ФИФА ќе одбере 16 од 23 предложени градови за да бидат домаќини на натпреварите, додека треба да се намали само бројот на американски градови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ