-->
-->
Фиданка Рајевска нов член на Советот на јавни обвинители
-->
Изборната Комисија при Советот на јавните обвинители на Република Македонија спороведе гласање на кое Фиданка Рајевска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, е избрана за член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија од општата листа на кандидати од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје, Изборно место бр. 3.
Како што соопшти Советот на јавните обвинители на Република Македонија, во Комисијата што го спровела гласањето биле Сашо Василевски, претседател, Арбер Исаку, член и Љубомир Јовески, член.
На гласањето Рајевска добила 38 гласа, а Елизабета Павловска - јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, која, исто така, била кандидат за член на Советот, добила 36 гласа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска