Свет
16. јуни 2024 - 11:37

Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж

Новите мировни предлози за Украина што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин се трошка надеж дека конференцијата во Швајцарија би можела да биде поефикасна доколку на неа учествуваат руски претставници, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан.

-Русија неодамна претстави нови услови. Без оглед на нивната содржина, тие се важен чекор и трошка надеж за почеток, рече Фидан на отворањето на конференцијата за Украина во Швајцарија.

Тој додаде дека конференцијата „би била повеќе ориентирана кон резултати доколку претставниците на Русија беа присутни таму во салата“.

Фидан додаде дека Анкара верува во потребата од целосно дипломатско решение на конфликтот и дека неговата земја е секогаш подготвена да прифати нови преговори меѓу Москва и Киев.

Според него, последниот обид на турските власти да предложат алтернатива на прекинатиот договор за жито, бил блиску до договорот на двете страни.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ги претстави новите мировни предлози за решавање на конфликтот во Украина, кои вклучуваат признавање на статусот на Крим, Народните републики Доњецк и Лига и регионите Херсон и Запорожје како региони на Русија, прифаќање на Украина за воена неутралност, нејзина демилитаризација и укинување на антируските санкции.

Украинската страна ја отфрли иницијативата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече предлогот на Москва ултиматум, а неговиот советник Михаил Подољак верува дека новите руски иницијативи, наводно, не содржат „вистински мировен предлог“.