Фицо: Западот ја искористи Украина во обидот да ја ослаби Русија
Западот ја искористи Украина во неуспешниот обид да ја ослаби Русија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо во видео обраќање објавено на Фејсбук за време на викендот, велејќи дека украинското раководство, исто така, носи одговорност за поддршка на западниот план за штета на Москва со учество во воените напори.
- Украина беше искористена од Западот во обид да ја ослаби Русија, што не успеа – и за што, се чини, Украина ќе плати скапо, рече Фицо.
„Секој веќе знае дека овој конфликт има длабоки корени во поновата историја, дека нема воено решение… и дека членството на Украина во НАТО е невозможно“, додаде тој.
Москва го прикажува конфликтот во Украина како прокси војна на НАТО и долго време ја осудува западната воена помош за Киев, тврдејќи дека проширувањето кон исток на воениот блок предводен од САД, како и амбицијата на Украина да му се придружи, е еден од клучните двигатели на непријателствата.
Да потсетиме дека словачкиот премиер постојано го критикуваше пристапот на Западот, предупредувајќи дека тоа ја загрозува глобалната безбедност. Неговата последна изјава доаѓа пред средбата меѓу рускиот и американскиот лидер на 15 август, кога ќе разговараат за можно решение на конфликтот.
Кремљ соопшти дека обезбедувањето траен и стабилен мир ќе биде главна тема на претстојните преговори во петок во Алјаска.
МИА
Ново на Сител
-
Вечерва во Штип, хуманитарен концерт во сеќавање на Тоше Проески
-
Од понеделник на над 6 илјади службени возила ќе им се ставаат црвени регистрации
-
Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-
Судење за екс директорот на затворот во Шутка, Филип Андов
-
Му пишале казна бидејќи фрлил ѓубре до контејнер, а контејнерот бил преполн со смет
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото