-->
-->
Фицо: Наскоро ќе се формира европската крајбрежна полиција
-->

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по Самитот на ЕУ во Братислава е убеден оти Европската крајбрежна и гранична полиција ќе почне со работа до крајот на годинава.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Фицо денеска во емисија на Чешката државна телевизија (ЧТ) соопшти дека таа полиција има задача да ја засили заштитата на надворешните граници на Унијата од нелегалната миграција.
Според Фицо, братиславскиот Самит придонел да не се отвараат теми кои ЕУ ја разединуваат, вклучувајќи го тука и прашањето за бегалските квоти, кое за него е ,,мртва агенда".
Наместо тоа, како што тврди Фицо, учесниците говореле за теми кои им се заеднички и ги соединуваат, како онаа за заштита на надворешните граници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
-

Во општина Могила пронајдени неексплодирани гранати
