-->
-->
ФИБА: Македонија со скок од 5 места
-->

Одличното издание на нашите најдобри кошаркари во Охрид каде два пати беше совладан Израел и еднаш Украина и обезбедија скок на Македонија на 14. место меѓу 24 учесници на претстојното Европско првенство, што е скок од пет позиции во однос на првичниот пласман на неофицијалното рангирање на ФИБА-Европа.
„Покрај Белгија, ова е тимот со најголем скок неделава. И покрај смената на селекторот само неколку седмици пред Евробаскет, балканската нација изгледа како да не е засегната, остварувајќи убедливи победи над Израел и Украина“, стои во објаснувањето на пласманот на Македонија на листата.
Од противниците на „црвено-жолтите“ во групата во Загреб највисоко котира Хрватска, која е петта, Словенија е 11., Грција 13., Грузија 18. и Холандија 24. На врвот остана Шпанија, на второто место се искачи Франција, а Србија падна на третото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
