Кошарка
13. August 2015 - 15:21

ФИБА: Македонија со скок од 5 места

Одличното издание на нашите најдобри кошаркари во Охрид каде два пати беше совладан  Израел и еднаш Украина и обезбедија скок на  Македонија на 14. место меѓу 24 учесници на претстојното Европско првенство, што е скок од пет позиции во однос на првичниот пласман на неофицијалното рангирање на ФИБА-Европа. 
 
„Покрај Белгија, ова е тимот со најголем скок неделава. И покрај смената на селекторот само неколку седмици пред Евробаскет, балканската нација изгледа како да не е засегната, остварувајќи убедливи победи над Израел и Украина“, стои во објаснувањето на пласманот на Македонија на листата. 
 
Од противниците на „црвено-жолтите“ во групата во Загреб највисоко котира Хрватска, која е петта, Словенија е 11., Грција 13., Грузија 18. и Холандија 24. На врвот остана Шпанија, на второто место се искачи Франција, а Србија падна на третото.