Loading Video...
Кошарка
17. May 2020 - 16:30

ФИБА ќе ги одложи квалификациите за Еуробаскет

 
 
Иако до следните натпревари во квалификациите за Европското првенство во кои настапува и Македонија, има многу време, односно дури половина година, сепак проблемите кои ги направи пандемијата на Ковид-19 вирусот, ја принуди Светската кошаркарска федерација (ФИБА), да го одложи вториот квалификациски круг. 
 
Според најавите, ФИБА и раководството на Евролигата, постигнале договор, во ноември да нема репрезентативни натпревари, како би се овозможил поголем простор во календарот за клупските натпреварувања, имајќи ги во предвид не само европските купови туку и во националните шампионати на сите земји.
 
Доколку одлуката биде потврдена, тоа би значело дека двата натпревари кои македонските кошаркари требаше да ги играат во ноември годинава и тоа на гости во Италија и Естонија би се играле во следниот „прозорец“ односно во февруари следната 2021 година. 
 
Инаку ова е второ одложување во евро-квалификациите, откако лани наместо да започнат во ноември истите стартуваа годинава со дуелите одиграни во февруари во кои нашите кошаркари претрпеа два порази, од Естонија во Скопје и на гостувањето кај Русија.