ФХ3Х работеа на Power Rangers - тинејџери со супер моќи

Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х беше дел од визуелните ефекти на филмот Power Rangers, кој од утре ќе почне да се прикажува во Скопје.
Kристијан Даниловски, ко-основач и ко-сопственик на ФХ3Х, изјави дека на проектот работеле од ноември до крајот на јануари оваа година, со тим од 50 артисти.
- Франшиза за филмот постои скоро четвртина век. „Power Rangers“ по првпат се појавија како Mighty Morphin Power Rangers на 28 август 1993 година, и тоа што сеуште постојат како франшиза скоро четвртина век подоцна, доволно зборува за нивната популарност, Се надеваме дека фановите на оваа франшиза ќе уживаат изјави Даниловски.
Power Rangers, како телевизиска серија потекнува од јапонската tokusatsu Super Sentai, а како Power Rangers, првпат се појавуваат во програмскиот блок на Fox Kids како Mighty Power Rangers во далечната 1983 година. Се работи за група на супер тинејџери, кои додека се справуваат со пубертетот, ги користат своите уникатни супер моќи да го спасат светот.
Прикажувањето на филмот Power Ranger почнува од утре во киното Cineplexx во Скопје.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
