ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности
Во врска со информациите кои беа пласирани во дел од медиумите, а се однесуваат на истрага за наместени натпревари на домашни клубови, како и во однос на прашањата доставени до Фудбалската федерација на Македонија, информираме дека во насока на целосна транспарентност и со цел објективно информирање на јавноста, ги споделуваме дописите добиени од Одделот за интегритет при УЕФА.
Станува збор за дописи кои се однесуваат на неколку натпревари од домашното првенство и контролни/пријателски натпревари, за кои се евидентирани нерегуларности поврзани со уплати во обложувалници.
Напоменуваме дека во објавените документи одредени чувствителни информации се соодветно заштитени (покриени), исклучиво во интерес на истрагата и во согласност со насоките на надлежните органи. Објавувањето на тие делови во овој момент би можело да наштети на тековните постапки.
Фудбалската федерација на Македонија тесно соработува со одделот за интегритет на УЕФА и со надлежните државни институции во рамки на своите надлежности, со цел целосно расчистување на сите наводи и сомнежи.
Истовремено, потенцираме дека ФФМ не е истражен орган, туку постапува согласно добиените информации и во координација со институциите кои имаат законска надлежност за понатамошно постапување.
Во моментов постојат индиции и за уште неколку натпревари, меѓу нив и мечот ФК Башкими – ФК Вардар Неготино од Втора МФЛ од сезоната 2025 одигран на 24. март, но поради чувствителноста на процесот и во интерес на истрагата, дополнителни информации ќе бидат споделени со јавноста кога предметите ќе бидат во понапредна фаза.
Во врска со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими, како што е веќе познато, истиот е во судска постапка. Од тие причини, во интерес на истрагата не сме во можност да споделуваме било какви информации.
ФФМ останува целосно посветена на заштита на интегритетот на натпреварувањето и ќе продолжи со активна соработка со сите релевантни чинители во борбата против сите форми на нерегуларности во фудбалот.




Ново на Сител
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
-

Дугин: Почна трета светска војна, следна е Русија
-

Руте: Останете безбедни и чувајте нè безбедни
-

Израел повикува на прекинување на сите врски со Иран
-

Руте пречекан со транспарент „НАТО убива“ од пратениците на Левица
-

Стружани денеска од цистерна полнат чиста вода, матноста на водата од градскиот водовод втор ден во граници на нормала
-

Поранешната директорка на Онкологија Клисаровска сведочеше за недостигот од конзилиум и колективни одлуки за терапии во „Онкологија 2“
