ФФМ потврди: Љубинко Друловиќ повеќе не е селектор на Македонија

-Сакам да им се заблагодарам на Фудбалската федерација на Македонија и на Управниот одбор за соработката и поддршката која сето ова време ми ја даваа мене и на стручниот штаб со цел да бидеме успешни. Исто така, сакам да им се заблагодарам на играчите и искрено на секој од нив му посакувам успех во репрезентацијата и во нивните клубови.Квалификациите за Европското првенство не ги завршивме со пласман до четвртото место, а бидејќи тоа беше еден од условите од мојот договор со ФФМ, нема да ја продолжиме соработката. Како професионалец, за мене резултатот секогаш е мерило за успехот, жал ми е што не остваривме подобри резултати во квалификациите за ЕП 2016. Македонската репрезентација има млади играчи и сигурен сум дека во иднина ќе бидат многу поуспешни. Им се заблагодарувам и на луѓето од стручниот штаб кои го вложија своето знаење и труд за да бидеме успешни. Сигурен сум дека сите на свој начин посакуваа успех и добри резултати. Продолжуваме на различни страни, но и понатаму ќе бидам голем поддржувач на репрезентацијата на Македонија, изјави Љубинко Друловиќ, за официјалниот веб сајт на ФФМ.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
