Loading Video...
Фудбал
7. May 2020 - 16:04

ФФМ ќе чека зелено светло од здравствените власти

 
 
 
Со оглед на тоа дека вонредната состојба во нашата земја се очекува да заврши на 15 мај, и дека на почетокот би имало услови барем за тренинг на спортистите, фудбалската и одбојкарската федерација на Македонија очекуваат дека властите ќе дозволат да се продолжи со натпреварувањата. 
 
Фудбалската федерација е во постојан контакт со раководните структури во државата односно кризниот штаб за борбата против Ковид-19. 
 
ФФМ па и останатите федерации ќе ја исчекуваат одлука по владината седница закажана за во сабота, на која Министерството за здравство и кризниот штаб, се очекува да предложат попуштање на мерките поврзани, веќе од понеделник. 
 
Како и во повеќето земји во Европа, најнапред за очекување е дела и кај нас на почетокот би било дозволено спортистите под посебни услови да се вратат на тренажниот процес, а дури потоа колективниот. 
 
Според планот на федерацијата, доколку тоа биде дозволено, фудбалерите би се вратил на терените кон средината на јуни месец, а во зависност од расположливиот временски период ФФМ ќе решава на кој начин да се заврши прекинатото првенство.