ФФМ им додели опрема на екипите од „Детска лига“
Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема и фудбалски топки на 121 клуб кои се натпреваруваат во Детска лига на ФФМ во сезоната 2018/2019. Ова е нова од низата донации на ФФМ која вклучува дури 121 клуб од цела Македонија и на овој начин се продолжува со големата акција за доделување опрема на клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.
Денешната донација вклучува речиси 2.600. детски ЈАКО комплети (фудбалски дрес/фудбалски шорц/фудбалски чорапи) за фудбалери и голмани и 1.400. грасрут фудбалски топки. Клубовите кои се натпреваруваат со една или две екипи добија вкупно осум фудбалски топки и 15 фудбалски комплети, клубови кои се натпреваруваат со три или четири екипи добија по 11 фудбалски топки и 21 комплет, клубовите кои се натпреваруваат со пет или шест екипи - 14 фудбалски топки и 26 комплети, клубови кои се натпреваруваат со седум или осум екипи - 17 фудбалски топки и 31 комплет, клубовите кои се натпреваруваат со девет или десет екипи - 20 фудбалски топки и 34 комплети, клубовите кои се натпреваруваат со повеќе од десет екипи - 25 фудбали и 40 комплети.
Сите клубови заслужуваат соодветно внимание и поддршка, токму затоа ни е драго што Фудбалската федерација на Македонија преку донација на опрема и фудбалски топки им дава поддршка на клубовите од Детската лига. Сите заслужуваат еднаков третман, а ние се обидуваме да обезбедиме Грижа и помош за базата, олеснување на нивното функционирање, мал придонес и поттик за нивни потамошен раст.
На денешната дружба во „Куќа на фудбалот“ на која беше доделена донацијата присуствуваа в.д. претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски, координаторот на Детска Лига на ФФМ, Кочо Димитровски, претседателот на Младиската комисија и член на У.О. на ФФМ, Арѓент Беќири.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Муцунски ја продолжуваат посетата на САД во Детроид на средба со дијаспората
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ И Мицкоски имаат најголема доверба кај граѓаните
-
За Мицкоски СДСМ одработува за туѓа агенда, за Филипче предлог резолуцијата е најпатриотскиот документ
-
Нови казни, стари навики
-
Што ќе покаже стручниот надзор за седумгодишното дете кое почина во тетовската болница?
-
Откриена спомен бистата на полицаецот Тоше Тодоровски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“
-
СДСМ: Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот со Росица во Велес, оставка кога?