-->
-->
ФФМ ги одбра најдобрите во македонскиот фудбал за 2015 година
-->

FOTO: http://sportmedia.mk
Фудбалската федерација на Македонија вечерва на свеченоста одржана во Македонскиот народен театар ги додели наградите за најдобрите во македонскиот фудбал во 2015 година.
Фудбалерот на Палермо, Александар Трајковски го понесе признанието за најдобар „амбасадор’’ на македонскиот фудбал. Трајковски според ФФМ е најдобриот фудбалер на Македонија кој настапува во странство.
За најдобар фудбалер во домашното првенство е избран голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој во пролетниот дел од ланската полусезона како член Брегалница постави рекорд од 912 минути без примен гол. Токму овој успех му донесе трансфер во редовите на најтрофејниот македонски клуб и повик во сениорската репрезентација.
Игор Ангеловски втора година по ред ја освојува наградата за најдобар тренер во Македонија. Ангеловски со Работнички го освои Купот на Македонија, а втора сезона по ред беше и вицепрвак. Летово ги предводеше „Романтичарите" на чекор пласман во Лигата на Европа, а од неодамна и официјално е назначен за селектор на најдобрата македонска репрезентација.
Кире Маркоски, од ФК Работнички е прогласен за најдобар млад фудбалер. Изаир Емини со своите 20 постигнати голови во дресот на ФК Ренова го понесе признанието за најдобар стрелец.
Во женска конкуренција, Наташа Андонова повторно е прогласена за најдобра, пред се поради нејзиниот настап во клубот Турбине Потсдам, како и во новиот тим Розенгард.
На голманската легенда Благој Истатов му приоадна признанието за животно дело.
За најдобар арбитар (судија) признанието отиде во рацете на нашиот интернационалец Александар Ставрев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
