Фудбал
4. јуни 2020 - 19:15

ФФМ донесе одлука за прекин на Првата МФЛ и купот

Нема повеќе дилеми и неизвесност. ФФМ  согледувајќи ја  актуелната здравствена состојба во државата но и во дел од прволигашките екипи по препорака на натпреварувачката комисија го прекина првенството во актуелната сезона.  
Ваква одлука беше донесена на вонредната седница на УО на ФФМ одржана конференциски. 
-  Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија;
Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Covid-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпрварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ- се вели во соопштението на куќат ана фудбалот објавено на сајтот на федерацијата. 
Од таму потенцираат дека за ваквата одлука веќе е информирана и УЕФА на која и е укажано за здравствениот аспект во нашата држава и неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалното продолжување на првенството што е прифатено од европската куќа на фудбалот како позитивен обид да се организира рестарт на македонскиот фудбалски шампионат.  
ЖИВО 
Иако на сајтот на ФФМ нема конкретна информација сепак јавноста дознава дека во прекинатата сезона нема да биде прогласен шампион а екипите кои ќе играат во европските купови ќе бидат дополнително објавени.