Фетулах Ѓулен е првообвинет за секс скандал кој ја потресе опозицијата во Турција

По седумгодишна истрага, турското обвинителство покрена обвинение во врска со објавените интимни видео и аудио записи на претставници на опозицијата, вклучувајќи го и тогашниот лидер на најголемата опозициска партија, Дениз Бајкал, пишува „Хуриет дејли њуз".
Прв оосомничен за овој случај е исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Турција го обвини дека го организирал обидот за преврат во земјата во јули минатата година. Освен Ѓулен, има уште 170 осомничени, вклучувајќи 164 полицајци.
Дениз Бајкал, поранешен лидер на Републиканска народна партија, беше принуден да поднесе оставка од претседателската функција во 2010 година, откако на интернет беше распространета снимка, на која се гледа како Бајкал е на љубовен состанок со претставничка од неговата партија. Одредени кадри потоа беа доставени до голем број членови на опозициската Партија за националистичка акција.
Според обвинението, видеата биле направени од полицајци кои припаѓале на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).
Обвинителите тврдат дека осомничените направиле копии од клучевите од домот на љубовницата на Бајкал, поставиле камери и направиле записи од интимните моменти меѓу двајцата.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
