Фетаи се откажа од трката за шеф на Вишото скопско обвинителство
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, за МИА, информира дека по електронска пошта добиле известување за повлекување на кандидатурата на обвинителката Фатиме Фетаи за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, но дека ќе бараат потврда на веродостојноста на информацијата.
– Добивме мејл, но официјална потврда или негација нема. Јас побарав да ми се јави, но се уште немам повратна информација, изјави Јолевски за МИА.
Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители во понеделникот на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.
Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје има тројца кандидати. Обвинителката Фатиме Фетаи, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.
Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, појасни дека оценките и досиејата за секој јавен обвинител се од доверлив карактер и така и се разгледуваат, за што и било побарано дополнително време.
Продолжението на 70-тата седница на Советот за Јавни обвинители е закажано за в понеделник на 21 ноември.
Ново на Сител
-
Претседателот на Собранието ги распиша локалните избори на 19 октомври
-
18-годишник со мопед удрил во паркирано возило, тешко повредена неговата малолетна сопатничка
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица