Фестивал „Осоговска староградска вечер“ утре во Крива Паланка

Староградски ансамбли и групи од земјава и соседството ќе бидат дел до годинашниот, трет по ред, Фестивал на староградски песни и серенади „Осоговска староградска вечер“, кој ќе се одржи утревечер на плоштадот „Карпошово востание“ во Крива Паланка.
Од локалната самоуправа на општината информираат дека со овој настан ќе отпочне програмата на „Кривопаланечко културно лето 2017“.
На настанот кој ќе почне во 20 часот ќе настапат: групата за староградски песни „Делчевски еснафи" и женската пејачка група „Ѓурѓа“, двете од Делчево, Ансамблот за староградски песни „Серенада“, Виница, „Распеани валандовчани“ од Валандово, староградска група „Извор“ од Врање, Република Србија и друштвото „Распеани Кривопаланчани “, Крива Паланка.
Фестивалот има за цел зачувување на староградските песни од разни краишта, кои се негувале во минатото и биле неизоставен дел од сите градски случувања. Манифестацијата е во организација на општината и Центарот за култура во Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Безживотно тело доцна синоќа извлечено од реката Вардар
-

Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
