Фестивал на органска храна
Над 20 македонски производители на органска храна денеска на плоштадот „Македонија“ ги изложија своите производи на Фестивалот на органска храна, кој е во организација на Град Скопје и здружението на граѓани „Подиум Скопје“.
Фестивалот, кој се оддржува под мотото „Здраво секојдневие и начин на живот“, има за цел да ја промовира органската здрава храна и здравите навики на живеење.
Анастасија Ашкилова од компанијата „Фарма Биаква“ појасни дека органската храна се произведува по одредени стандарди и дека за нејзино производство е потребно регистрирање на органските производители кои треба да поседуваат сертификат од една од двете сертификациски куќи во Македонија.
- Прво се сертифицира почвата па потоа секој производ посебно. Потребно е семињата да се органски како и целиот процес на растење кој треба да се следи. Во Македонија најчесто се сертифицира марулата, цвеклото.. од зеленчуци, а јаболкото е најсертифицирано органско овошје, истакна Ашкилова.
Производите се прскаат со огански пробиотици и инсектициди кои, како што појасни, може да се козумираат и не се штетни по здравјето.
На фестивалот, кој ќе трае до 18 часот ќе бидат организирани дебати за предностите на органската храна, за здравјето на секој поединец и неговите најблиски, дебата со нутриционисти околу здравиот начин на исхрана, како и работилници за најмалите.
Здравата органска храна се произведува по одредени производствени стандарди. Конвенционалната употреба на неоргански пестициди, инсектициди и хербициди е забранета и избегнувана како последна мерка. Во повеќето држави, органските производи не смеат да бидат генетски модификувани.
Ново на Сител
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана
-
Бишев: Владата ги носи економските политики
-
Петрова: Даноците се собираат според планот
-
О2: Владата да забрани увоз на автомобили постари од 10 години