-->
-->
„Фениксите“ заминаа да се надигруваат со врсниците од Европа
-->
Младите кошаркари на скопскиот клуб Феникс 2010, отпатуваа за полскиот град Жари, каде од 9 до 11 март ќе настапат на вториот турнир од Централната-дивизија на Европската младинска лига (ЦЕ – ЕИБЛ).
Генерацијата на играчи родени 2001-ва година, кои пред две сезони стигнаа до Супер-финалето, односно беа меѓу осумте најдобри во Европа, ќе имаат тешка задача да го повторат тој успех.
Откако на првиот турнир остварија само една победа, сега ќе треба да бидат максимално ефектни, доколку сакаат да се вмешаат во борбата за едно од првите две места.
Свесни се младите „феникси“ дека задачата нема да биде нималку лесна, но веруваат и ветуваат дека и овојпат ќе дадат се од себе, за достојно да се претстават на европската сцена, не само како клуб туку и како единствени претставници на нашата земја.
Распоред на натпревари:
09 март (12:00 часот) Феникс (Македонија) – Јуниор, Комарно (Словасчка)
10 март (09:00 часот) Феникс (Македонија) - Емен Иглс (Холандија)
10 март (17:00 часот) Феникс (Македонија) – Хромик, Жари (Полска)
11 март (11:00 часот) Феникс (Македонија) – Кошаркарска Академија Сјудад Де Мостолес, Мадрид (Шпанија).
Сите натпревари ќе може да се следат во живо на YouTube каналот „SPORTOPUS1“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
