-->
-->
Фени Индустри му го нанесе тринаесеттиот пораз на Бест
-->
Екипата на Фени Индустри очекувано го совлада составот на Бест со ___ во меч од 13.коло на Првата македонска кошаркарска лига.
На средбата одиграна синоќа во Гевгелија, кавадаречката екипа до седмата победа сезонава ја предводеа, Хрватот Карло Враговиќ со 25 поени и 6 асистенции, додека Кирил Николовски оствари „дабл-дабл“ со 19 поени и 12 скока.
За тимот на Бест за кој ова беше тринаесетти пораз во исто толку одиграни натпревари, најефикасен беше Американецот Тајрон Харис со 29 поени.
На првите две средби од оваа рунда, одиграни вчера Куманово беше подобар од Работнички со 83:67, а Кофуг како гостин ја совлада Струмица со 81:65.
Поради настап на МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, колото ќе биде комплетирано во среда (20 јануари) со дербито меѓу двете првопласирани екипи во кое Карпош Соколи ќе ја има улогата на домаќин во дуелот со пампионот.
Табела: МЗТ Скопје 11-1 (победи-порази), Карпош Соколи 10-2, Куманово 8-5, Фени Индустри 7-6, Кожув 7-6, Работнички 5-8, Струмица 3-10 и Бест 0-13.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор