Фејсбук презема мерки против корисници кои шират дезинформации
Фејсбук соопшти дека ќе преземе „посилни“ активности против луѓето кои постојано споделуваат неточни информации на платформата.
Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на сметката доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна и е верификувана од една од партнерските компании за проверка на фактите, соопшти гигантот за социјални медиуми.
Иницирани се и начини да ги информира луѓето за тоа дали користат содржина што е оценета со проверка на фактите. Бројот на неточни тврдења и теории на заговор се зголеми на платформите на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер, за време на пандемијата со Ковид-19.
„Без разлика дали станува збор за неточна или погрешна содржина за Ковид-19 и вакцините, климатските промени, изборите или други теми, ние осигуруваме дека помалку луѓе гледаат лажни информации во нашите апликации“, се вели во соопштението на компанијата.
Претходно оваа година, Фејсбук објави дека поништил 1,3 милијарди лажни приофили помеѓу октомври и декември.
Ново на Сител
-
Опозицијата предлага мерки за намалување на цените
-
Бројот на мигранти на јужната граница намален за 65%
-
Државниот испитен центар, во Штип, Битола и Скопје ќе обезбеди простор за полагање државна матура
-
Потребна е поголема зелена инфраструктура против загадувањето
-
Преглед на вестите од светот
-
Во владината коалиција се разговара за промена на државниот грб
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси
-
Уставен поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ