Федерер ќе се пензионира по Лејвер купот

Еден од најдобрите тенисери во светот, Роџер Федерер објави дека одлучил да стави крај на кариерата.
Четириесет и едногодишниот Швајцарец најави дека неговиот последен турнир ќе биде Лејвер купот. Тој поради бројните повреди нема да може да ја продолжи кариерата.
Федерер последен пат се појави на теренот во јули минатата година во рамките на Вимблдон. Оваа година Лејвер купот ќе се одржи од 23 до 25 септември во Лондон.
Роџер Федерер го освои Вимблдон осум пати, Австралија Опен шест пати, УС Опен пет пати и Ролан Гарос еднаш. Вкупно освои 103 АТП турнири.
Швајцарецот 310 седмици беше првиот рекет на светот. Федерер, исто така, го држи рекордот како број еден непрекинато – 237 последователни недели.
Покрај тоа, Федерер е победник на Дејвис купот и олимписки шампион во Пекинг 2008 во парови.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
