-->
-->
ФБИ го истражува наводниот напад од руски хакери против новинарите на Њујорк Тајмс
-->
ФБИ започна истрага за кибер нападите врз новинари на „Њујорк тајмс" и на други на американските медиуми, за кои се верува дека се изведени од страна на хакери, кои работат за руската разузнавачка служба.
Нападите биле откриени во последниве неколку месеци, а покрај ФБИ, во истрагата учествуваат и другите безбедносни агенции на САД, пренесува Си-Ен-Ен.
Иследниците веруваат дека зад нападот стојат руски разузнавачи и дека на руските хакерски напади на медиумски организации треба да се гледа во рамките на пошироката серија хакерски напади, чија цел беше и Демократската партија, известуваат американските медиуми.
ФБИ не сакаше да ги коментира овие наводи, а портпаролот на њујоршкиот весник не ги потврди ниту нападите, ниту истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски го одби Филипче: Итроштина е декларација со црвени линиии за ЕУ
-
Политички тензии околку Рамковниот договор
-
Кога економијата беше подобра - во време на СДСМ или сега? Партиите со меѓусебни обвинувања
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра