-->
-->
Фаворитите славеа очекувани победи во ракометната Лига на шампиони
-->

Екипите кои ја имаа улогата на фаворити во вчерашните натпревари од 8.коло во ракометната Лига на шампиони, ги оправдаа очекувањата и забележаа сигурни победи.
Во групата „А’’ беа одиграни сите четири натпревари, во кои победи забележаа: ПСЖ, Веспрем, Фленсбург и Висла. Домашниот терен беше предност за Мешков Брест и Порто во двата натпревари од „Ц’’ групата, а во групата „Д’’ составот на Мотор Запорожје оствари тесна победа над Баја Маре.
Резултати и двојки од 8.коло во ракометната Лига на шампиопни
А група: Веспрем – Целје 34:28, Бешикташ – Висла Плок 29:38, ППД Загреб – Фленсбург 23:30 и ПСЖ – Кил 37:30
Табела: ПСЖ 14 бодови, Веспрем 13, Фленсбург 12, Кил 8, Висла Плок 7, ППД Загреб 6, Целје 2 и Бешикташ 2.
Б група: Рајн Некар Ловен - Монпеље 25:21 и Кристијанштад - ПИК Сегед 32:34, Вардар – Барселона (денеска17.45 часот) и Киелце – Колдинг (19 часот).
Табела: Барселона 11 бодови, Рајн Некар Л. 11, Вардар 10, ПИК Сегед 10, Киелце 8, Кристијанштад 4, Монпелје 4 и Колдинг 2.
Ц група: Мешков Брест – Татран Прешов 32:26
Порто – Ла Ријоха 35:31 и Чешовски медведи – Војводина 34:30
Табела: Мешков Брест 12 бодови, Ла Ријоха 12, Порто 12, Чеховски Медведи 6, Војводина 4 и Татран Прешов 2.
Д група: Мотор Запорожје – Баја Маре 25:23, Кадетен Шафхаузен – Металург 27:17 и Скјерн – Елверум (играат денеска 16.50 часот).
Табела: Мотор Запорожје 12 бодови, Скјерн 9, Кадетен Шафхаузен 9, Баја Маре 9, Металург 4 и Елверум 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
-

Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
-

Мицкоски тврди дека Уставен го укинал линеарното покачување на пензиите, судот демантира
-

Апасиев ја свика постојаната Анкетна комисија за пожарот во Кочани
-

Во Македонија нема ниту еден политичар со интегритет, сметаат граѓаните
-

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите
