Фаучи: Сто милиони дози вакцини во САД во првите 100 дена на Бајден е „изводливо“

– Целта на новиот американски претседател Џо Бајден за 100 милиони дози вакцина против коронавирусот во текот на првите 100 дена од неговиот мандат е „изводлива“, изјави Ентони Фаучи, кој ќе биде главен советник на Бајден за Ковид-19.
– Сосема е јасно дека тоа е изводливо, изјави Фаучи за Ен-Би-Си. Тој беше и главен советник за Ковид-19 на претседателот во заминување Доналд Трамп.
Иако две вакцини се тестирани и одобрени за рекордно време, темпото на вакцинација е под критика во САД. Според Центрите за контрола и превенција на болести, веќе се испорачани 31,1 милиони дози, но искористени се помалку од 40 проценти.
Покрај тоа, некои држави, вклучително и Њујорк, предупредија дека следната недела може да останат без вакцини поради недоволна испорака координирана од сојузната влада, откако значително ја забрзаа кампањата за вакцинација
Во исто време, земјата минува низ најлошата фаза од пандемијата досега, САД во вторникот имаа реорден број на смртни случаи од 4.470 за 24 часа. Речиси 20.000 луѓе починаа во изминатите пет дена.
Идниот шеф на Кабинетот на Бајден, Рон Клајн, вчера призна дека очекува во февруари да се надмине прагот од 500.000 смртни случаи од Ковид-19. Во САД во моментов има повеќе од 395.000 смртни случаи.
Ново на Сител
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
-

Тема на денот со Златко Кузманов, Центар за интегрирана безбедност
-

МЕПСО бара речиси двојно повисока тарифа за пренос на струјата, можно е поскапување и на парното
-

Пензионерите бараат линеарно покачување на пензиите затоа што во пензија сите биле исти пред законот
-

Семејствата на починати пациенти бараат одговорност за наводните кубански вакцини
-

Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
-

Уставен ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
-

СДСМ: Гренел соработникот на Мицкоски под истрага
