Фаучи: Преносливоста на Омикрон ќе го преоптовари здравствениот систем
– Омикрон може да предизвика помала стапка на заболување од другите видови коронавирус, но бранот на болеста што го придружува ширењето на новиот вид сè уште се заканува да ги оптовари болниците во САД, изјави Ентони Фаучи, главен лекар за заразни болести во САД.
Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, тој ги наведе британските истражувања, според кои варијантата Омикрон се карактеризира со „помалку хоспитализации, пократок престој во болница и помала потреба од терапија со кислород“.
– Но, не треба да бидеме поспокојни … Ако многу, многу повеќе луѓе се разболат, тоа би можело да ги поништи позитивните ефекти од намалувањето на тежината на болеста, рече Фаучи.
Варијантата Омикрон е доминантна во САД и веќе доведе до остар скок на бројот на заболени. Според Фаучи, просечниот број на случаи минатата недела достигна 150.000 на ден и „веројатно ќе се зголеми многу повеќе по празниците“.
Ново на Сител
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол