Фатени скопјаните кои убија маж во Драчево

СВР Скопје до Основното Јавно Обвинителство со кривична пријава ги предаде 28-годишниот И.И. кој не е достапен на органите на прогон и 28-годишниот С.С. од Скопје, поради сомнение дека направиле “разбојништво“, по што си заработија притвор во времетраење од 30 дена.
Кривичното дело пријавените го извршиле на 25.02.2013 година околу 19 часот и 30 минути на улицата „Славка Димкова“ во Драчево, во куќата во која се наоѓала менувачница „Золит Трејд“,при што го убиле сопственикот на истата, стекнувајќи се со 1.000.000 денари. Имено, откако И.И. и С.С. се сретнале во кафе барот „Танкештеле“ лоциран во селото Сарај, го изнајмиле возилото марка „Опел Омега“ (диво такси)и се упатиле кон населбата Драчево, каде по пристигнувањето на влезот од населбата, се симнале од колата и се упатиле кон менувачницата „Золит Трејд“, по што И.И. маскиран со црна женска чорапа, со огнено оружје пиштол испукал еден куршум во пределот на главата на сопственикот на менувачницата, кој починал на местото на настанот. С.С. ја одзел чантата со пари од починатиот и се упатил кон предходно договореното место со возачот на такси возилото со кое дошол, по што се упатиле кон село Сарај, додека пак И.И. избегал од местото на настанот во непознат правец.
По пристигнувањето во селото, второпријавениот заедно со такси се упатил во чајџилница која се наоѓала во непосредна близина на куќата на И.И., а по извесно време со такси се вратил и И.И., по што одземените пари меѓусебно ги поделиле, од кои пари на такси возачот му дале околу 40.000 денари и 400 евра, (притоа велејќи му дека тоа се пари од човекот од Драчево што им должел), а останатиот дел од парите го поделиле меѓусебно.
По извршувањето на кривичното дело извршен е увид на местото на настанот. И.И. и С.С. се познати сторители на кривични дела и против истите и претходно се поднесени кривични пријави.
Ново на Сител
-

Над 70 отсто од докторите се соочиле со физичко или вербално насиство на работно место, случаите треба веднаш да се пријавуваат
-

Христодулидис: Кипар е безбедна земја
-

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепами“
-

Почна реконструкцијата и адаптацијата на спортската сала во комплексот на УКИМ
-

Пентагон: САД во првите шест дена од војната со Иран потрошиле над 11 милијарди долари
-

Инспектор на ДЗС сведочи за „Пулс“: Имаше хидрант, ама празен и само два ПП-апарати, а помошната врата беше заклучена
-

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
