Фатени при незаконит лов со усмртено диво животно, приведени ловџии
Приведени повеќе ловџии во ПС Дебар. Ловочувар ги фатил со уловено диво животно и при незаконит лов.
- На 16.02.2024, полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода Ќ.М.(42) од с.Мал Папрадник, општина Центар Жупа, Ј.Р.(42) од с.Броштица, општина Центар Жупа и Б.А.(50) од с.Житинени, општина Центар Жупа. Околу 14.30 часот на ловиште „Канео Стогово“ тие биле затекнати од ловочувар при извршување на незаконит лов. Кај нив биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бенели“, повеќе ловечки патрони од различен калибар, усмртено диво животно и други предмети кои ги употребиле при вршење на делото, соопшти МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега