Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
Денеска (30.04.2025) од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1, “Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” по чл.396 ст.1 и “Фалсификување исправа” по чл. 378 ст.1 вв ст.1 од КЗ, а за доиздржување имал шест години и два месеци.
А.А. на 05.02.2021 бил пуштен на домашно отсуство, по што се дал во бегство.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Ново на Сител
-
Скопјанец силувал 15-годишен штитеник од установа за згрижување деца
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат