Фајзер/БиоНТек и ја нудел на ЕУ својата вакцина по цена од 54,08 евра
Фармацевтскиот концерн Фајзер/БиоНТек првично и ја понудил на ЕУ својата вакцина против коронавирус за огромна цена, која германската Лекарска комора ја оценила како „несериозна“. Весникот „Зидојче цајтунг“ пишува дека Фајзер/БиоНТек на почетокот на преговорите барал 54,08 евра по доза од вакцините и нарачка од 500 милиони дози.Фармацевтскиот концерн сакал од тој бизнис да заработи вкупно 27 милијарди евра.
Според претставници на Фајзер/БиоНТек, таа цена го содржела највисокиот рабат (попуст) кој би можел да се понуди на една индустриска земја во светот. Со тоа вакцината на Фајзер/БиоНТек би била над 20 пати поскапа од таа на АстраЗенека.
Во ноември е склучен договор со ЕУ, а цената досега не е објавена, но според некои медиуми, таа изнесува околу 15 евра по доза.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ