Фајзер: Германија мора подобро да ја заштити клучната инфраструктура
По нападот на гасоводот „Северен тек“ и саботажата на германската железничка мрежа, германската министерка за внатрешни работи Ненси Фејзер денеска вети подобра заштита на клучната инфраструктура во Германија, а претставниците на германските градови бараат подобри информации за граѓаните во случај на недостиг од струја.
-Руската агресивна војна против Украина претставува пресвртница кога станува збор за нашата внатрешна безбедност и затоа мораме да се подготвиме, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фејзер (Социјалдемократската партија на Германија, СПД) во интервју за „Зидојче Цајтунг’ (Sueddeutsche Zeitung).
Министерката кажа дека надлежните служби веќе ги зајакнале безбедносните мерки „каде што е потребно“. Таа особено ги спомена засилените патроли на крајбрежната стража во близина на важни инфраструктурни објекти.
Фејзер, исто така, најави усвојување на закон што ќе ги обврзе компаниите кои поседуваат особено важни инфраструктурни системи, како што се подводните линии, на повисоки безбедносни стандарди.
-Сопствениците мора да бидат подобро осигурани од саботажа и тероризам, како и од природни катастрофи, рече Фезер.
На почетокот на октомври непознати сторители ја прекинаа комуникацијата меѓу возовите пресекувајќи две линии, поради што железничкиот сообраќај на северот на Германија беше во неколкучасовен прекин. Пред извесно време гасоводот Северен тек на Балтикот беше оштетен од експлозии.
Претседателот на Здружението на германските градови Хелмут Деди ја повика владата да почне кампања која подобро ќе ги подготви граѓаните за неочекувани настани како што се големи прекини на струја.
-Затемнувањето е многу реално сценарио на кое граѓаните мора да бидат подготвени, рече Деди. Тој заклучи дека кампањата е потребна затоа што граѓаните на Германија „досега се неискусни кога станува збор за кризи и катастрофи“.
Ново на Сител
-

Ќе се спроведе стручен надзор за породувањето на Станка која остана неподвижна со вклучен експерт од соседството
-

Германец со дрон снимал караула на АРСМ во Радожда
-

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот
-

Санација на детските игралишта и урбаната опрема низ Кисела Вода
-

11-годишно дете од Долнени пријавено за иcчезнато
-

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба бадентер, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
