-->
-->
Ф4 - ЛШ (жени): Ѓер прв финалист
-->

Ракометарките на актуелниот европски првак Ѓер се први финалистки откако во првото полуфинале на Ф4 турнирот од ЛШ во Будимпешта го победија Букурешт со 26:20 . Ова за Ѓер е вкупно седмо финале и ќе можност да ја брани титулата освоена лани.
Почетокот на дуелот мина во знакот на европскиот првак Ѓер кој поведе со 3:0, а Букурешт тешко наоѓаше игра пред се во нападот. Притоа голманите на Букурешт имаа само една одбрана. На полувреме беше 12:10 за Ѓер.
На почетокот на вториот дел Букурешт ги казни грешките на Ѓер и во 42.минута за првпат изедначи - 16:16. По четирте голови во низа Ѓер го „отвори“ патот за ново финале. На крајот Ѓер стигна и до убедлив триумф.
Најефикасна на дуелот беше Корнелија Грот со 7 голови.
Во второто полуфинале од 18 часот играат Вардар и Ростов Дон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
