-->
-->
Ф-1: Розберг обвинет за инцидентот со Хамилтон?!
-->

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, го губи трпението кога се во прашање проблемите кои неговите возачи ги предизвикуваат на трките. Луис Хамилтон и Нико Розберг имаа контакт на Големата награда на Австрија, кога Британецот се обиде да го мине клупскиот колега од надворешната страна.Британецот успеа да победи, а Германецот поради проблеми со болидот заврши на четвртото место.
„Единствена опција е да биде ‘замрзнат’ редоследот во еден момент. Доколку тркањето без контакт е невозможно, тогаш имате вакви последици. Веќе ми е здодевно ова што го прават двајцата“, истакнал Волф, дополнувајќи дека не смета дека некој е виновен.
Инцидентот во Австрија беше втор на болидите на Мерцедес во последните пет трки, по сударот на ГН на Шпанија кога Хамилтон и Розберг уште во првиот круг ја завршија трката.
Инаку, за многумина виновник за инцидентот во Австрија е Розберг, кој исто така се наоѓа под истрага од дирекцијата на трката.
„За танго се потребни двајца, но сето тоа некаде мора да започне, а сé започнува со сопирање во свиок, каде еден тежок маневар предизвикува следен таков маневар и на крајот станува кошмар за сите. Не сакам никого да обвинам, тешко е да се каже кој е виновен. Имам свое мислење но нема да го кажам“, дополнил шефот на Мерцедес.
„Знаете, веќе ми стана здодевно да анализирам вакви ситуации. Не сакам повеќе да има судари“, дополнил Волф.
По трката во Австрија, Розберг остана лидер во генералниот пласман со 152 бода, само девет повеќе од Хамилтон.
Наредната трка ќе се вози во Силверстон, Велика Британија, на 10. јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„АЛТА банка“ од понеделник ќе ја отвори и експозитурата во Прилеп, ќе може да се подигнат до 20.000 денари
-

Пронајдена бела прашкаста материја во Чегране, двајца со БМВ се обиделе да ги прегазат полицајците
-

Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот
-

Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
