-->
-->
Ф-1: Перез најбрз во С. Арабија
-->
Мексиканецот Серхио Перез беше најбрз на денешната трка за ГН на С. Арабија од шампионатот во Ф-1 што се возеше во Џеда.
Вистински подвиг приреди светскиот првак Макс Ферстапен кој од 15. место на стартот успеа да стигне до второто место и со тоа да го заокружи тимскиот успех на шампионот Ред Бул во конкуренција на конструктори.
Фернандо Алонсо заврши трет, но подиумот потоа му беше одземен и му беше доделен на Џорџ Расел, бидејќи Шпанецот не ја одработи правилно казната.
Трката започна без поголеми инциденти, забележан е контакт помеѓу Пјастри и Гасли, па првиот мораше да влезе во бокс за промена на гумите.
Фернандо Алонсо поведе веднаш на стартот, го престигна Серхио Перез, но поради позиционирана грешка на стартот беше казнет со пет секунди.
Сепак, Перес веќе успеа да се врати на чело на трката во четвртиот круг.
Макс Верстапен веднаш почна да форсира и веќе во 17. круг се најде на четвртото место.
Фантастичниот болид на Астон Мартин повторно му донесе одлична трка на Фернандо Алонсо кој повторно се најде на подиумот како третопласиран, а зад него се најдоа двајцата возачи на Мерцедес, Расел и Хамилтон. Во топ 10 се пласираа уште Саинц, Леклер, Окон, Гасли и Магнусен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
