-->
-->
Ф-1: Нови предизвици за Ферстапен
-->

Холандскиот возач Макс Ферстапен е на добар пат да ја одбрани шампионската титула во Формула 1. Тој води во вкупниот шампионат со 335 бодови, втор е Шарл Леклер со 219, а трет Серхио Перез со 210.
Сепак, возачот на Ред Бул може да собори дури пет рекорди до крајот на шампионатот.
Број на поени
Луис Хамилтон го држи рекордот по број на поени со 413 во 2019 година, кога имаше 21 трка. До крајот на тековната сезона можно е да се освојат максимални 160 бода, а Верстапен има 335 бодови. Земајќи ги предвид бодовите за најбрзиот круг и бодовите од спринтерските трки, Холанѓанецот може да го собори рекордот на Хамилтон.
Бодовната разлика помеѓу шампионот и вицешампионот
Себастијан Фетел ја освои шампионската титула во 2013 година со 155 поени повеќе од Фернандо Алонсо. Верстапен има 116 поени пред Шарл Леклер од Ферари на шест трки до крајот.
Победничка серија
Фетел направи девет победи по ред во 2013 година, победувајќи на секоја трка меѓу Белгија и Бразил. Верстапен моментално има пет последователни победи и е во добра позиција. До крајот на сезоната остануваат трките во Сингапур (2.10), Јапонија (9.10), САД (23.10), Мексико (30.10), Бразил (13.11) и Абу Даби (20.11).
Број на победи во една сезона
Ферстапен во тековната сезона забележа 11 победи, па е на пат да го собори рекордот кој моментално го држат Фетел и Михаел Шумахер, а тоа се 13 победи.
Најбрзи кругови
Шумахер и Кими Раиконен имаат по десет најбрзи кругови во една сезона, а Ферстапен моментално е на пет. Ова е тежок предизвик за оваа година, но сепак е математички возможен.
Шампионатот во Формула 1 продолжува на 2. октомври со Големата награда на Сингапур на патеката Марина Беј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
