Ф1
29. November 2015 - 17:12

Ф-1: Финалето за Розберг

Пилотот на Мерцедес, Нико Розберг победи на трката за ГН на Абу Даби со што заврши шампионатот во Ф-1 за оваа сезона. 

Германскиот ас со триумфот на патеката „Јас марина“ ја нареди третата победа по ред, шеста оваа сезона и вкупно 14-та кариерата.  Второто место со 6 секунди заостанување му припадна на актуелниот светски првак Луис Хамилтон додека трет низ целта мина Кими Раиконен од Ферари по тешка битка со својот клубски колега Себастијан Фетел