-->
-->
Ф-1: Ферстапен победи на јубилејната трка во В.Британија
-->
Макс Ферстапен и Ред бул стигнаа до сензационална победа на неделната трка која се водеше со официјално име ГП на 70 годишнина на Ф1 на патеката во Силверстоун, за да има совршено честитање на јубилејот на спортот во возбудлива тактичка победа над моќниот Мерцедес, кој пред една недела доминираше.
Знаејќи дека претходната трка беше одбележана со распаѓањето на гумите поради која Хамилтон со „три тркала“ влезе на целта, Мерцедес се решија на трка со две влегувања во боксот, додека Ферстапен излезе со „средни“ гуми и затоа немаше проблем да стигне до победата, која доаѓа во момент кога се сметаше дека Мерцедес се непобедливи. Ферстапен првпат дојде во водство во 28. минута, кога го претекна Валтери Ботас, и осигура славна победа во трка во која на стартот беше само четврти.
Ботас, кој неодамна го продолжи договорот со Мередес за 2021, ја загуби пол-позицијата, но и второто место, откако Луис Хамилтон го помина на три круга пред крајот.
Шарл Леклер беше четврт за Ферари (исто така со едно влегување во боксот), пред вториот возач на Ред бул, Алекс Албон, Ленс Строл во Рејсинг поинт и Нико Хилкенберг, кој враќањето во Ф1 го прослави со седмото место. Во поени беа и Окон и Норис, додека тажна трка имаше Себастијан Фетел со 12. место, а поранешниот шампион Кими Раиконен во Алфа Ромео беше само 15.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево
-
Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ закажано за 19 ноември
-
ЛКМ со морална осуда за д-р Игор Кузмановски – Неврологот и понатаму без активна лиценца
-
Сиљановска-Давкова најави македонско бугарски разговори по локалните избори
-
Се дистрибуираат гласачките ливчиња за изборите во недела