Езил: Мурињо ми даде животна лекција!

Мезут Езил е уште еден фудбалер кој реши да објави автобиграфија, истата треба да излезе во наредните денови, а одредени медиуми објавија дека во неа има интересни делови, поврзани со трансферот на германскиот репрезентативец во Реал Мадрид.
Мезут Езил блесна на Мундијалот во Јужна Африка каде со Германија го освои третото место. По светското првенство тој реши да ја напушти Германија, иако според логиката најдобрите во Германија завршуваат во минхенски Баерн.
Тогаш се појави приказната дека Баерн не е заинтересиран не само за Езил, туку и за Сами Кедира: „да се добри тие веќе ќе беа во Баерн“.
Но Езил во автобиографијата открива дека тоа нeма врска со вистината, туку дека имал неколку понуди, а една прифатил без многу размислување. Интерес за него покажувале Арсенал, Манчестер Јунајтед, Баерн, Барселона и Реал, а тој лично го преферирал трансферот во Барселона.
„Работата според мене беше завршена. Дојдов да се запознам со градот и клубот, но ми беше сомнително што го нема Гвардиола. Ми кажаа дека е на одмор. Дојдов уште еднаш и него пак го немаше. Очекував дека барем ќе ми испрати СМС порака, тогаш добив чувство дека тој не сака да играм за неговиот тим“, пишува Езил.
„Од друга страна Мурињо инсистираше да дојдам во Реал, ме убедуваше и на крајот се согласив. Исто така од него ја добив најголемата животна лекција“, истакнува Германецот, на кого многупати во кариерата му префрлале дека е малодушен.
„Мурињо викаше, беше многу лут, ме праша дали мислам дека е во ред ако давам 50 отсто од она што можам. Ми рече да одам да се истуширам, да бидам сам и да си ја местам фризурата како и секоја друга кукавица“.
Инаку Езил најдобро играше токму кај Мурињо, а Португалецот како што пишува Езил, бил првиот кој му го честитал трансферот во Арсенал.
Ново на Сител
-

Владата бара итно мислење од Венециската комисија за предложениот модел на правосудниот испит
-

Англија ја заострува забраната за мобилни телефони во училиштата – нема да смеат да стојат ниту во ранците
-

За клиентите на „АЛТА банка“ од денес достапни електронското и мобилното банкарство
-

Кривична за 28-годишник од Такиџистан, доставил исправа со невистинита содржина со цел да го продолжи престојот
-

34-годишник се обидел да силува 22-годишна девојка во струмичко
-

Кривична за 38 годишен тетовец, оставил писмени закани кон деканот и останатите професори на факултетот
-

До крајот на годината „Безбеден град“ ќе казнува непрописно паркирање и запирање на булеварите
-

Дендијас: Западен Балкан е потенцијален извор на дестабилизација, Европа не смее да го занемари
