Евтини кредити за фирмите: Преку Развојна банка ќе се вбризгаат 25,6 милиони евра во стопанството
Развојната банка повлече половина од 50 те милиони евра од Европската Инвестиција банка, пари кои се наменети за домашните компании. Со нив ќе се поддржат 105 различни проекти, кои ќе овозможат вработување на 145 лица, информираат од банката. Станува збор за поволни кредити, со камата од 1,6%, кои ќе се распределуваат преку 6 комерцијални банки со кои Развојна банка има склучено договор.
Најголем дел од овие средства, 40 отсто или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16 проценти или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или 8 проценти, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9 отсто, соопштуваат од Развојна банка.
Наредниот месец, односно во август ќе бидат повлечени и останатите средства во вредност од 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши, велат од Развојната банка. Инаку до сега од кредитната линија од ЕИБ вредна 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,5 милиони евра. Со овие пари се поддржаа 250 проекти на домашни компании и се вработија 629 лица.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“
-
Законот за високо образование ќе претрпи големи промени, најави министерката за образование Јаневска
-
МЖСПП: Милион евра грант од Шпанија за Охридското Езеро