Еврото во однос на доларот зајакна за речиси 2 отсто во првата половина од годината
Курсот на еврото во однос на доларот на светските пазари минатата недела порасна за речиси два отсто во прва половина од годината, како последица на најавата на Европската централна банка (ЕЦБ) за дополнително зголемување во каматните стапки.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската валута во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела остана речиси непроменет на ниво од околу 102,90 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на европската валута се намали за 0,2 отсто, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Но, доларот порасна во однос на јапонската валута, за 0,4 отсто до 144,30 јени, блиску до највисокото ниво во повеќе од седум месеци.
Претседателот на американската централна банка Џером Пауел рече дека каматните стапки веројатно ќе продолжат да растат и дека не очекува тие да се намалат оваа година, бидејќи инфлацијата се уште е далеку над целните нивоа.
Официјални претставници на ЕЦБ, исто така рекоа дека каматните стапки ќе треба дополнително да се зголемуваат и дека се уште не размислуваат за нивно намалување.
Претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард посочи дека поради упорно високата инфлација не можат да го прекинат циклусот на зголемување на каматните стапки.
По повеќе од една година покачување на каматните стапки, тој циклус завршува. Сепак, остануваат прашањата колку повеќе централните банки ќе ги зголемат каматните стапки оваа година, до кои нивоа и колку долго цената на парите ќе остане на овие покачени нивоа.
Курсовите на валутите варираат во последните месеци во зависност од тоа какви шпекулации преовладуваат на пазарот во однос на одговорите на овие прашања.
Ново на Сител
-
Путин: Се обидуваат на Москва да ѝ нанесат стратешки пораз, но тоа е невозможно
-
Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка
-
Набавени 80 000 вакцини против сезонски грип, имунизацијата ќе почне во втората половина на октомври
-
Камион излетал од патот Деве Баир - Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот е во прекин
-
Мерц: Решени сме да ги користиме замрзнатите руски средства за да ѝ помогнеме на Украина
-
Приведен кумановец, подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка
-
Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите
-
Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење