Евростат: Раст на трговијата со електро и хибридни возила
Во 2020 година, Европската унија извезла речиси 5,2 милиони автомобили (бензин, дизел, електрични и хибридни електрични автомобили), додека три милиони автомобили биле увезени, соопшти Евростат.
Бензинските автомобили го сочинуваат најголемиот дел од извезените автомобили (64 отсто од извозот на автомобили надвор од ЕУ), проследено со дизел автомобили (22 отсто) и електрични и хибридни електрични автомобили (14 отсто). Што се однесува до увозот, бензинските автомобили учествуваат со повеќе од половина од увозот на автомобили што не се членки на ЕУ (53 отсто), а потоа следат електрични и хибридни електрични автомобили (30 отсто) и дизел автомобили (18 отсто).
Извозот и увозот на електрични и хибридни електрични автомобили во ЕУ продолжи да се зголемува постепено. Во споредба со 2017 година, извозот на електрични и хибридни електрични автомобили надвор од ЕУ се зголеми за скоро пет пати од 150 илјади извезени автомобили во 2017 година на 725 илјади во 2020 година, додека увозот од надвор од ЕУ скоро тројно се зголеми од 301 илјади увезени автомобили во 2017 година на 892 илјади во 2020
Во 2020 година, главните извозни дестинации за електрични и хибридни електрични автомобили во ЕУ се Велика Британија (39 отсто од извезените автомобили), САД (16 отсто), Норвешка – 10 отсто и Кина (9 отсто).
Речиси половина од увозот на електрични и хибридни електрични автомобили дојде во ЕУ од Јапонија и САД (23 отсто од увезените автомобили), Јужна Кореја (15 отсто), Велика Британија (14 отсто), Турција (10 отсто) и Кина (9 отсто).
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците

