Евростат: Околу 34 милиони луѓе во ЕУ се сметаат за странци
Околу 34 милиони луѓе од 500 милиони колку што живеат во Европската унија се сметаат за мигранти. Од тој број 14,3 милиони се граѓани на ЕУ кои искористиле можност за слободно движење во рамки на Унијата, додека помалку од 20 милиони влегле во ЕУ од држави што не се членки.
Според истражување на Евростат, повеќе од 45 отсто жители во Луксембург се странци. Следат Кипар со 19,5 отсто странци, Летонија со 15,2 отсто, Естонија 14,9, Австрија 12,5, Ирска со 11,8 и Белгија со 11,3 отсто странци.
Во држави од Источна Европа помалку од еден отсто странци живеат во Полска, Романија, Хрватска и Литванија, а интересно е што најмногу Полјаци живеат во други држави од ЕУ.
Бројот на странски работници кои краткорочно работат во држави во ЕУ е мал и покрај зголемувањето од 60 отсто од 2010 до 2015 година. Најмногу такви работници има во Германија – повеќе од 418 илјади, а следат Британија со 177.000 и Белгија со 156 илјади работници. Најголем прилив на мигранти е регистриран во 2015 година и 2016 година, а најголем дел од нив дошле од Сирија и од Блискиот Исток.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје кај кањонот Матка - Треска во наредните четири дена
-
Тројца загинати, 568 спасени од запален ферибот во Индонезија
-
Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во струмичко
-
Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка во петок во Истанбул
-
Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж
-
Еден загинат и двајца повредени во руски напад врз Киев
-
Сончево и многу топло со температури до 40 степени
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром