Европските фондови ефикасно и ефективно да се користат, вработените посветено да работат
Македонија мора да работи и има простор за подобрување на искористување на средствата од европските фондови. Мора да ги подобри капацитетите на институциите и вработените кои се вклучени во структурата попосветено да работат.
Ова беше порачано на денешната презентација на струдијата „Управување со инструментот за претпристапна помош - практики и предизвици“ организирана од Евротинк - Центарот за европски стратегии и Фондацијата отворено општество - Македонија.
- Средствата треба да ги искористите ефикасно, но и ефективно. Ние не сме лоши и вие не сте лоши. Можеме подобро и стапката за склучување на договорите би била многу поголема и подобра, но не нешто повеќе од 59 проценти, рече на презентацијата Никола Бартолини од Европската делегација во Скопје.
Според него, еден од проблемите во Македонија се роковите, како и посветеноста на вработените кои се дел од ИПА структурите.
- Во македонскиот јазик зборот краен рок не постои. Скоја програма има одреден број години во кој се спроведува. По дадени три години за потпишување договор гледаме дека првите догвори се склучуваат девет месеци пред крајниот рок. Тоа значи дека две години и три месеци се изгубени, рече Бертолини порачувајќи во иднина да се скрати рокот на 12 месеци и така да се подобри капацитетот на апсорпција.
Во однос на индиректниот менаџмент посочи дека постојат многу структури и многу луѓе и дека едно од прашањата е дали бројот на луѓето кои работат на ИПА се доволно посветени.
- Во систематизацијата на секоја институција има по седум лица кои работат на ИПА, но јас никогаш не ги запознав тие седум, рече Бертолини и порача пред да се зголеми бројот на луѓето ангажирани во ИПА структурите да се осигура дека оние кои веќе работат таму навистина ги извршуваат обврските.
Министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека има огромен простор да се направи подобрување.
- Овој инструмент покрај што ќе не доведе до нашата цел ЕУ, значи подобрување во функционирањето на институциите и животниот стандард на граѓаните. Владата има три приоритети. Поголема посветеност на највисоко политичко ниво што не беше случај со петходната влада. Да го подобриме времето на дефинирање на проектите што ќе се финансираат. Да се подобри функционирањето на ИПА структурите во согласност со правилата и препроаките на ЕУ во насока на зајакнување на меѓуинституционалната координација и поголема транспареност и отчетност на сите чинители кои се вклучени во процесот. И третиот приоритет е многу подобра екипираност на структурите за управување со ИПИ фондовите во земјава и да се води грижа за задржување на обучениот кадар во институциите, рече Тевдовски.
Додаде дека анализите покажале дека нема доволна екипираност, и тоа не само во бројот на вработени, туку и во однос на вработени со минум познавање и квалификации од областа.
Во структурата има вклучено 40 институции со 400 вработени. Република Македонија има искористено 71,1 отсто или 437 милини евра од вкупниот буџет на ИПА1 од 652 милиони евра, а останати се неискористени 152,5 милини евра што е 24,9 отсто од вкупниот буџет
Александар Колекески од „Евротинк“ рече дека студијата покажала дека постои постепен пад на искористување на средствата од ИПА, како одолговлекување на периодот за спроведување на годишните програми.
Тој порача дека европските средства треба да се користат за потребите на целото општество, а според Фани Каранфилова Пановска извршна директорка на ФИОМ нивната искористеност покажува до каде е државата со реформите на системот што значат задоволување на европските стандради.
- Нивото на искористување на средствата се правопропорционално поврзани со напредокот во евроинтеграциите, Каранфилова-Пановска и додаде дека анализата покажува максимална искористеност од 71 процент што значи како држава една третина сме потфрлиле во изминатиот период на патот на евроинтеграцијата.
Ново на Сител
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО
-
Артета: Сочувствувам со Гвардиола, минува низ пекол
-
Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти
-
Откорната плочата на почесниот конзулар на Србија во Куманово
-
До 5 години затвор за лицето кое го запали македонското знаме во Скопје | ФОТО
-
Кошта: Треба да работиме на проширувањето на ЕУ без вештачки временски рокови и бесконечни пречки
-
ОЈО: Предложен притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза
-
Педесет и седумгодишен маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода