Европскиот совет го усвои заклучокот за Дијалогот Белград – Приштина
Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Еверопска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.
Во заклучоците по средбата, во точката број 25, што се однесува на Белград и Приштина, е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и оти ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.
Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка кај скопската обиколница повредени три лица, меѓу нив и дете
-
Таравари: Има терапија што може да ги замени лековите што недостасуваат на Онкологија
-
Тетовчанец не застанал на полициски „Стоп“ знак и со вратата од возилото удрил полицаец
-
Тестовите се готови: Останатите лами во зоолошката градина немаат туберкулоза
-
Планинарот кој исчезна кај Велес е пронајден починат
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС сонува лоши сонови, наместо да ги прераскажуваат истите, нека се информираат за истрагата за Кочани
-
Пет лица уапсени во Куманово за брзо возење, едниот од нив имал 2.17 промили алкохол во крвта