Европскиот совет го усвои заклучокот за Дијалогот Белград – Приштина
Во заклучоците од првиот ден од Самитот, лидерите на Еверопска Унија го поздравија договорот за патот кон нормализација на односите постигнат од Белград и Приштина, како и анексот за имплементација, што беше постигнат преку Дијалогот што го водеше високиот претставник на ЕУ.
Во заклучоците по средбата, во точката број 25, што се однесува на Белград и Приштина, е наведено дека договорот е постигнат како составен дел од нивниот европски пат. Двете страни се повикани да ги спроведат своите обврски целисходно и со добра волја.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, претходно изјави дека договорот постигнат во Охрид ќе биде составен дел на европскиот пат меѓу Белград и Приштина.
Тој додаде дека документот ќе биде дел од преговарачките поглавја на ЕУ со Србија, како и оти ќе биде дел од условите што треба да ги исполни Приштина.
Во Охрид, каде што на 18 март се одржа средба во рамките на Дијалогот меѓу Белград и Приштина, Борел најави дека ќе ги извести министрите за дискусиите што се воделе и дека истото ќе го стори и на Самитот на шефовите на држави и влади на ЕУ.
Ново на Сител
-
Исчезнат велешанецот Стојче Пецевски
-
Уапсен 91-годишник кој пукал со оружје во Тетово, го пријавил неговиот 66 годишен син
-
„Сѐ што ќе побарате, сѐ ќе направиме“, испратил порака таткото на Вања на нејзиниот телефон
-
За викендот 2324 сообраќајни прекршоци, дури 1132 санкции за брзо возење
-
Пол стана првиот играч во историјата на НБА кој ги започнал сите 82 натпревари во својата 20. сезона во лигата
-
Оклахома постави рекорд во НБА
-
Марко Митев успешно опериран, враќање за шест месеци
-
Агенцијата за национална безбедност првпат објави јавен оглас за вработување