Европската перспектива на Западен Балкан една од темите на средбата Мицотакис
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и претседателот на Бугарија, Румен Радев на средбата во Атина, ја изразиле нивната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан под предуслов да има строго придржување до условеноста, брифираат грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.
На средбата во премиерската палата во Атина станало збор за прашањата што се однесуваат на соседството и на предизвиците што постојат, а акцентот бил ставен на мигрантското прашање и процесот на проширување на ЕУ.
Во однос на мигрантското прашање изразиле поддршка за Договорот ЕУ- Турција и изразиле загриженост за случувањата на Блискиот Исток.
Бугарскиот претседател, според истите извори, споменал дека Грција и Бугарија се стратешки партнери и ја истакнал билатералната соработка во повеќе области како што е енергетиката и прашањата поврзани со безбедноста, а грчкиот премиер се осврнал на блиските врски на пријателство и соработка меѓу двата народа.
Претседателот на Бугарија, Румен Радев допатува во Грција на состанокот на претседателите на земјите од групата „Араиолос“ што ќе се одржи денеска во Атина.
Ново на Сител
-
ЈП ПОЦ: Минатата недела санкционирани 100 непрописно паркирани возила во Центар
-
Нови правила за одобрување возила
-
ЕУ ослободи осум милиони евра од првата транша за Македонија преку Инструментот за раст за Западен Балкан
-
Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година
-
Славески: Процесот на дезинфлацијата ќе продолжи, а инфлацијата ќе се врати на историските 2%
-
МОН: Успешна учебна година на учениците и наставниците
-
Земјотрес во Авганистан: над 600 загинати и повеќе од 1.500 повредени
-
Без вода дел од Батинци и Љубош